Шекеринска на Конференцијата за европска безбедност во Минхен

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Минхен ќе учествува и ќе се обрати на Конференцијата за европска безбедност, организирана од Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, тема на обраќањето ќе биде успешниот процес на рехабилитација на Северна Македонија и односите и влијанијата во Југоисточна Европа и пошироко.

На маргините на безбедносната конференција, Шекеринска ќе се сретне со германскиот заменик – директор на Европскиот центар за безбедносни студии,  бригаден генерал Јохан Бергер.

Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“ е реномиран меѓународен одбранбено – безбедносен институт кој го промовира дијалогот и разбирањето меѓу нациите и државите од Северна Америка, Европа и Евроазија. Институтот е поддржан од владите на Соединетите Американски Држави и на Германија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега