Шекеринска: Ќе бараме одговорност од секој кој ве разочарал, ама разберете нè

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска говорејќи на трибината во Карпош побара поддршка од граѓаните за мандат во кој, како што рече, тоа што во изминатите две години го направиле за државата со решавањето на отворените прашања со соседите, и носењето на земјата до членство во НАТО и и преговори со Европската Унија,  да го направат за секој граѓанин во неа.

Граѓаните рече, во првиот круг, ни ја упатија пораката дека е малку и се незадоволнои од тоа што го направивме. Тоа, според неа е во ред, и власта во идниот период ќе работи да го намали тоа незадоволство. Но сега, потенцира Шекеринска ни треба мандат за да ја реализираме обврската да го пензионираме режимот на Никола Груевски засекогаш, но и неговите следбеници.

-И ние вчера ја чувме пораката на оние кои останаа дома. Дека очекуваат повеќе, дека и тоа што е сработено не е доволно и свесни сме, дека сакаат тоа да го видат не само за големите државни прашања, туку во секое училиште, на секој шалтер. И ние сакавме да бидеме побрзи, но замислете со кого требаше да седнеме да преговараме, а не сакавме да го погледнеме. Од кого се требаше да побараме глас затоа што тој глас беше потребен за државата. Во тие моменти покажавме дека не сме себични. Апсолутно не е сеедно што ќе се случува на петти мај. Сé она што го сработивме сега мора да го дотераме до финиш, мора да го завршиме. Ќе побараме одговорност од секој кој ја разочарал вашата доверба, рече Шекеринска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега