Шекеринска: Го потврдивме идентитетот, ги отворивме портите кон ЕУ и НАТО

 
 
За Преспа знаевме само ние дома. Денес за Преспа знае целиот свет. Светот и соседите свртија нов лист, решивме децениски проблем и ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО. Го загарантиравме македонскиот јазик и идентитет, признаени од целиот свет и сега тоа не може да ни го одземе никој - истакна заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска пред огромниот број присутни граѓани и граѓанки на Ресен.
 
Покажавме што значи државничко однесување, работевме за сегашноста, но и за иднината на нашите деца, одиме кон ЕУ и НАТО, на прав пат сме, заклучи Шекеринска.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега