Шекеринска: Ги враќаме парите кај граѓаните, знаат дека зборот ни важи

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, учествуваше на маалска средба со жителите на село Лавци, Битолско.

- Како луѓе, како на Влада, покажавме дека зборот ни важи. Вложуваме напори работите една по една да се решаваат. Бевме фокусиани на крупните работи во првиот период, да ги решиме, во интерес на граѓаните и државата. Затоа успеавме. Знаеме дека кога ни е безбедна држават луѓето помирно спијат а бизнисот повеќе вложува. За 2 години успеавме во она што 12 години не успеаа, во клучните области, да бидеме членки на НАТО и ЕУ. Знаеме интеграциите што носат. Денеска бевме во посета на едно земјоделско семејство во Битолско и ги гледаме првите резултати. За прв пат успеваме европските пари за земјоделието речиси целосно да ги користиме. Тоа сакаме да го прошириме во други области“, рече Шекеринска. 

Шекеринска се осврна на спроведените мерки на Владата во последните 2 години кои парите ги враќаат кај граѓаните, и додаде дека Владата на СДСМ не троши на музеи и лажен барок, туку на водоводи, патишта, реални проекти кои значат грижа за граѓаните.

- „Во изминатите 2 години успеавме на домашните и на странските инвеститори да им создадеме шанса да отворат 50 илјади нови работни места и да растат платите. Успеавме со пари од буџетот да обезбедиме социјални пакети кои сега се за 3 пати поголеми. Целосно го решивме проблемот со стечајците и не дозволивме да се покачи цената на струјата. За прв пат платите растат побрзо од трошоците. Повратот на ДДВ веќе функционира. Ги намаливме казните. Зборот важи, парите ги враќаме назад кај граѓаните.“ додаде Шекеринска.

Во соработка со локалната самоуправа продолжуваме, постојано, да им служиме на граѓаните и да работиме исклучливо во интерес на државата и на граѓаните – порача Шекеринска.

Претседателот на општинската организација Златко Ќурчиски изрази задоволство што локалната самоуправа предводена од СДСМ го решава пробелмот во селото Лавци со водоснабдувањето, ова наше населено место ќе биде приклучено на градскиот водовод и за граѓанитр на Лавци е обезбедна вода.

Тимовите на СДСМ ги евидентираа предлозите и сугестиите на граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2019 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега