Шекеринска: Ги покачивме платите во здравството, ќе растат и пензиите

Пред граѓаните ветивме дека ќе ги намалуваме трошоците, а дека платите ќе ги зголемуваме и тоа денес го правиме, истакна заменик претседателката Радмила Шекеринска на трибина во Свети Николе.
 
- Денеска со задоволство соопштивме дека повторно дополнително ги зголемуваме платите во здравството. Ги зголемуваме платите за лекарите, но и за целиот здравствен кадар како и медицинските сестри. За 2.5 години платите се покачени од 23%  до 40% за лекарите специјалисти но и за медицинскиот персонал. Само пред неколку дена, соопштивме дека за првпат во оваа држава, за само две и пол години успеавме платите на наставниците да ги зголемиме за 20 отсто. Се можело, ама за 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ тоа не се случуваше, порача Шекеринска. 
 
Заменик претседателката се оврсна и на новиот Буџет кој наскоро ќе се најде во собраниска процедура.
 
- Очекувам во следните денови да излезе и конкретниот Предлог Буџет со кој ќе покажеме дека ги зголемуваме платите, но се зголемуваат и пензиите. И тоа го гледаме и како шанса да се подобрат семејните буџети, но и како долг кон оние кои работеле и создавале, заклучи Шекеринска.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2019 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега