Шекеринска: Една од двете стратешки цели на државата, членството во НАТО ја реализиравме, можеме да си честитаме

Една од двете стратешки цели на државата за последните три децении можеме да ја архивираме и да си честитаме.Со членството во НАТО нашата сигурност сега е гарантирана, сега сме во чадор кој штити една милијарда луѓе и со овој ветар во грб одиме кон втората цел, членството во ЕУ.

Ова во емисијата „Топ тема“ го истакна потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Порача дека членството во НАТО не ни го подаpи никој, туку сами го одработивме, и со него создадовме имиџ на држава која дава најави, прави планови и ги реализира.

-Со ова порачавме дека на нас може да се потпрат, тоа е скап имиџ кој лесно се губи и тешко се печали, но ќе ни помогне во настојувањата за членство во Евроспката унија, истакна Шекеринска.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега