Шекеринска: Двојазичноста на униформите во АРМ не е вградена во Законот, ќе чекаме мислење од Венецијанска

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, изјави дека одредбата за двојазичност на униформите во АРМ не е вградена во Законот за јазиците.

– Рековме дека оваа одредба ќе ја испратиме до Венецијанската комисија и очекуваме мислење и за Законот и за оваа конкретна можна потреба. Факт е дека Армијата е една од институциите која нуди најголема кохезија. Во делот на одбраната главната промена се однесува на можноста на граѓаните на Република Македонија кои се обраќаат до Министерството за одбрана да можат да го користат и својот мајчин јазик, да добијат соодветен одговор. Не мислам дека тоа негативно ќе се одрази, а Армијата е посилна заради тоа што таа е репрезент на Македонија и заради тоа што ги имаме претставено сите етнички заедници, истакна Шекеринска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2019 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега