Шекеринска: Да не влегуваме во лузерскиот филм на опозицијата, да се фокусираме на стабилно мнозинство

Мислам дека претседателот на СДСМ и премиер погреши што го врза својот мандат со резултатот од локалните избори. Сега фокусот мора да биде на стабилно парламентарно мнозинство, да не се даде шанса на Бугарија да искористи каква било слабост кај нас за да рече – не може да се најде решение, изјави вечерва на Топ тема на Телма министерката за одбрана и виссок член во СДСМ Радмила Шеќеринска


Нашето мнозинство во парламентот не е мнозинство за еден ден – тоа треба биде мнозинство што ќе испорача резултати во европските интеграции исто како што испорачавме резултат со НАТО. Треба да се обидеме да успееме а не да чекаме отстрана и да се надеваме нешто да тргне наопаку. Мислам дека не треба да им влегуваме во лошиот и од минатиот четврток – лузерски филм, вели Шекеринска.

Според неа не треба да се лицитира со кадри кои би биле дел од раководството на СДСМ.

 

-Изминативе денови прочитав 20 имиња во јавноста и 50 комбинации. Сметам дека не е здраво за нас да водиме преку телевизија и интервуја вакви дебати. Здраво е за овие теми да се разговара во СДСМ јас не сум член во раководството така што и кога тоа ќе се состане нема да бидам на маса, но доколку нешто кажам само би му штетела на процесот. И холандскиот премиер Руте при посетата кај нас кажа дека не знае колку локални избори изгубил, но премиер е со години.Мојата проценка е дека изјавата на Заев води кон нов лидершип и партиски и владин, вели Шекеринска.

19.11.2021 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега