„Шеикот од Дубаи е мојот киднапиран син": Италијанка тврди дека го препознала по лузните, тој одбива да направи ДНК тест

Една жена во Италија тврди дека во шеикот Мухамед ел Хабтур, синот на магнатот од Обединетите Арапски Емирати, Халиф ел Хабтур, го препознала својот син киднапиран на 21-ви јуни 1977-ма година на полуостровот Саленто во регионот Пуља.

Бјанка Колаини денеска за италијанскиот весник "Corierre dela Serra" рекла дека својот син Мауро Роман, кој во моментот на киднапирањето имал шест години, го препознала во арапскиот шеик по лузните на веѓата и десната рака, кои ги добил од пегла.

„Се надеам дека е тој, бидејќи тоа би значело дека е жив и дека не е убиен", рекла таа.

„Corierre dela Serra" наведува дека ДНК тест би ја решил мистеријата, но дека емирот одбива да го направи.

Роднините на Мауро сега планираат да отпатуваат во Дубаи и дека со помош на конзулатот на Италија да го принудат шеикот да направи тест.

Како што се наведува, родителите никогаш не престанале да го бараат својот син. Благодарение на нивната упорност, истрагата никогаш не била прекината, а неодамна се открило дека наводниот киднапер е 79-годишен поранешен бербер, кој го киднапирал детето и го дал на лица чиј идентитет не е познат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2021 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега