Шефот на унгарската дипломатија Сијарто во Скопје ќе предаде помош за справување со коронавирусот

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска, на негова иницијатива ќе престојува во работна посета на Република  Македонија, за време на која предвидени се средби со шефот на дипломатијата Никола Димитров, како и со други високи претставници на земјава.

Како што соопшти МНР, соработката во справувањето со глобалната пандемија COVID-19 ќе биде во фокусот на разговорите, а во тој контекст заедно со унгарската делегација ќе пристигне и конкретна помош за Македонија, за полесно надминување на овие предизвици.
 
 
-Воедно, за време на средбата ќе се разменат и информации за натамошните чекори во европската агенда на земјата по добивањето на позитивната одлука на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија. Ќе бидат разгледани и билатералните односи, можностите за нивно понатамошно унапредување, како и продлабочување на соработката и солидарноста помеѓу двете земји, но и во рамките на Европската Унија, наведуваат од МНР.
 
 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 07:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега