Шефот на руската тајна служба ги обвини САД за протестите во Белорусија

Шефот на руската разузнавачка служба ги обвини денеска САД за поттикнување масовни демонстрации против белорускиот претседател кои влегоа во шестата недела.

Демонстрантите во Белорусија бараат оставка од Александар Лукашенко, сметајќи дека неговиот реизбор е наместен и бараат крај на неговото 26-годишно владеење.

САД и Европа ги критикуваа изборите како неслободни и побараа Лукашенко да почне да разговара со опозицијата.

Сергеј Наришкин, директор на руската тајна служба изјави дека САД ја финасирале белоруската опозиција и ги поттикнале протестите.

Тој рече дека тоа слабо бил прикриен обидот да се изведе уште една „обоена револуција“.

Вели дека според информациите со кои располагаат САД играат клучна улога во моменталниот развој на настаните во Белорусија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега