Шефот на кабинетот на Меркел: Новиот британски вид на коронавирусот ќе стане доминантен

Новиот британски вид на коронавирусот ќе стане доминантен во Германија, истакна шефот на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелге Браун.

- Во моментов гледаме дека веќе имаме работа со нов вид во неколку болници. Ова значи дека новиот вид влегол во земјата и дека, како и во другите земји, ќе го потисне стариот и ќе ни создаде проблеми - изјави Браун за јавниот сервис АРД.

Затоа, посочува тој, сега е важно да се задржи курсот, да се намали бројот на нови пациенти што е можно повеќе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега