Шеесетина странски новинари акредитирани за известување од изборите

Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесетина странски медиумски куќи.

За изборите од терен ќе известуваат 57 странски новинари, кои добија акредитации од Државната изборна комисија.

Најбројна екипа од 18 новинари испраќа Ал Џезира Балкан, а свои тимови или новинари ќе имаат и Ројтерс, Франс прес, Гласот на Америка, Асошиејтед прес, грчката национална телевизија ЕРТ, новинската агенција АНА-МПА, Њуз247, германската АРД, Европската фото прес-агенција – ЕПА, Турската радио-телевизија, агенцијата Анадолија, Еуро њуз Албанија, Радио-телевизија Косово, Би-би-си Србија и Ал Џезира на англиски јазик.

Повеќе странски медиуми ќе известуваат за изборите преку свои дописници во земјава. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа