„Шамар“ за Хари и Меган, кралицата им стави нова блокада и една работа нема да смеат да ја користат

Хари и Меган ќе мораат да се одречат од „кралскиот бренд“ откако одлучија да се повлечат од дворецот и финансиски да се осамостојат.

После долги и сложени разговори, се верува дека кралицата истакнала дека не е во ред парот да се служи со придавката „кралски“ во својот бренд, наведува Дејли меил.

Хари и Меган потрошиле илјадници евра на новиот сајт „Сасек ројал“ за да ја надополнат својата страница на Инстгарам која е многу популарна.

Превземени се и чекори да се основаат нови хуманитарно организации под називот „Сасек ројал“, но според весникот, јасно е дека тој термин сега не смеат да го користат.

Оваа одлука, наводно, била прифатена од Хари и Меган, во согласност со нивните нови работни места, дека нема да можат да ги користат кралските титули како што се надевале.

Овој развој на настаните е голем удар за Хари и Меган кои сега треба да пререгистрираат сè од страницата до добротворната организација, пренесува британскиот весник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега