Шахпаска: Сите пратеници да дадат придонес во донесувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација

Министерката за труд и социјална политика очекува сите пратенички групи да дадат придонес и во предвидениот рок да биде донесен законот за спречување и заштита од дискриминација, кој во моментов е во второ читање во Собранието.
 
-Законот за спречување и заштита од дискриминација влегува во завршна фаза од собраниската постапка. Со пратениците во Собранието на Република Северна Македонија денеска, на амандманска расправа во Комисијата за европски прашања, ги разгледуваме клучните аспекти од Предлог-законот кој беше позитивно оценет од Венецијанската комисија, од ГРЕКО, но и од невладиниот сектор во земјава, напиша Шахпаска на својот фејсбук-профил.
 
Законското решение, додава таа, гарантира избор на професионална, објективна и независна Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која на нашите граѓани им е неопходна.
 
-Верувам дека сите пратенички групи ќе дадат свој придонес овој Предлог-закон да биде усвоен во предвидениот рок, а Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да биде избрана во транспарентна и независна постапка, напиша министерката Шахпаска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега