Шахпаска: Градинките се безбедни, 74 проценти од вработените се вакцинирани

Во делот на безбедноста на градинките покажавме дека нема хоризонтална трасмисија, значи состојбата е стабилна, 74 проценти од вработените во градинките се вакцинирани, тоа дава сигурност кај родителите, а ќе ги следиме упатствата на здравстевните власти па дури и странски инструкции и ако е потребна вакцинација тоа ќе ја испочитуваме оваа одлука, а тоа зависи дали вакцината ќе биде задолжителна како и за другите вакцини кои се потребни за упишување во градинките, рече во гостувањeто на „Утински брифинг“ министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска

-Отворивме 15 нови градинки и затоа сто е зголемен бројот на децата и вложуваме во кадарот за доедукација, во градинките работат стручни компетентни и посеветени вработени. Во соработка со комисијата за заразни болести организиравме работилници за вработените кои не се вакцинирани, беа информирани за придобивките бидеји вакцинацијата е единствен спас од пандемијата, рече Шахпаска.

23.09.2021 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа