Шабан пред трагедијата бил многу чуден - нови детали за несреќата

 

Рано утрото во неделата на автопатот А2 во близина на местото Билфилд, на западот на Германија, спасувачите од смачканиот „сеат“, извлекле тела на тројца тешко повредени мажи, Шабан, неговиот кум и неговиот колега, а за жал Шабан и покрај напорите на лекарите почина во болница.

Кумот на Шабан, Слободан Бобан Стојадинвоиќ се огласи за несреќата која го потресе регионот.

- До 3.30 утрото имавме настап во клубот. Тогаш се договоривме, бидејќи имаме авион рано утрото, да легнеме во хотел и да го разбудам во 6.15. Тоа беше договорот. Доаѓам во соба, еден час спиев и во 6.15 ме буди телефонот. Станав, а во тој момент Шабaн веќе беше буден и подготвен, па ми лупаше на врата. Го прашав, зошто брзаш, а тој ми рече: па ајде те молам, зошто доцниш?Брзаме. Ми беше чудно зошто се однесува така, никогаш не бил таков. Имавме уште три часа до полетување на авионот. Брзо се облеков, се симнав долу, влеговме во автомобилот. Тој беше нешто нервозен и постојано ми приговараше зошто не сум го разбудил три минути порано. Пазете, три минути, не можев да верувам, целиот беше чуден, рекол Стојадиновиќ.

Рекол дека додека пеел Шабан гледал на часовникот.

- Како некаде да брзаше и трчаше, како несреќата да го влечеше. Додека патуваваме зборуваваме за нашите луѓе кои овде добиваат пензија, и умираат овде. И ништо не проживуваат, се присетил Стојадиновиќ

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2019 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега