Северина скршена од болка: „Поминаа 20 месеци откако син ми грубо го отселија од својот дом“

Хрватската пејачка Северина повторно напиша емотивна порака за својот син, за кој ѝ е одземено старателството.

„Поминаа 20 месеци откако мојот син е отселен од својот дом, во кој мирно живееше 7 ипол години. Без прашања, грубо, истиот ден... И бегалците ги отселуваат со нивните мајки.

Во овие 30 години, колку што пеам, повеќе луѓето ме објавуваа на фотографии со нивните деца, отколку што јас имам објавувано фотографии со своето дете. Не како Северина, туку како горда мајка. Тоа ми е забрането, па затоа ви подарувам песна со хорот Загрепчанки и деца...

Ви благодарам на сите за поддршката“, напиша Северина.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)

28.07.2021 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега