Сестрите Елма и Ирма ќе бидат погребани во Гетеборг - добиле повик дека другарка им е во неволја, па загинале

Трагично настраданите сестри, 20-годишната Елма и 21-годишната Ирма Ушто, кои пред седум дена го изгубија животот во тешка сообраќајна несреќа, ќе бидат погребани во вторник во Квиберг во Гетеборг, пренесува Санџачке.рс

Двете се ќерки на Џенана и Мидхат Уште Мирза, кој во војната бил припадник на Специјалната едница на МВР со БиХ, а пријателите и роднините го викаат Чупо. После војната се отселил во Шведска, каде живее и работи.

Шведските медиуми пишуваат дека Ирма и Елма кобното утро во околу 03:30 часот се јавиле на телефонски повик, преку кој им било соопштено дека на нивната другарка која се наоѓа на забава во Гетеборг ѝ треба помош.

Сестрите кои биле познати по тоа дека секому сакале да помогнат, без размислување тргнале на последното патување, патување во подобар свет, напишала на Фејсбук нивната мајка.

Полицијата добила известување дека во околу 04:07 часот еден автомобил удрил директно во бетонски столб на автопатот Е20 Олскроксмотет, кој поминува на средината на Гетеборг.

Причина за несреќата најверојатно е лизгав пат и неприлагодена брзина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега