Лишени од слобода осум лица на територијата на цела држава во текот на изминатото деноноќие, затоа што кај нив е пронајдена дрога
На 05/06.06.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ѓ.Д.(30) од Велес, Ф.П.(28) од Куманово, И.М.(23), Б.В.(27), А.Б.(27) и А.Ш.(29) сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 05.06.2026 во 23:40 часот, на ул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.Б. (19) од Тетово, затоа што при преглед кај него е пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.06.2026 во 01:00 часот на ул. „Партизанска”, во близина на спортската сала во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.Т. од Битола, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.


