Семејството со години лажело дека контактира со Јасмина, додека нејзиното тело било во замрзнувач - ова се мотивите

Денеска ќе се прави судска обдукција на телото на Јасмина Доминчиќ, кое беше пронајдено во замрзнувач во семејсната куќа во Паловац, во кој можеби поминала и 19 години.

 

Како што наведуваат хрватските медиуми голем проблем е тоа што телото е целосно укочено, уште е свиткано во положбата во која било замрзнато со години - со главата напред кон нозете. Една од првите задачи на патолозите ќе биде да се отстрани исушената крв која се наоѓа на главата, да се пронајде евентуална рана, а потоа да се установи начинот на нејзиното настанување и дали била смртоносна.

Инаку, осомничената Смилјана Срнец, сестра на убиената Јасмина, во саботата вечерта е приведена, но уште не е испрашана. Се очекува тоа дека би можело да се случи денес, по обдукцијата. Претходно, медиумите пренесоа дека Смилјана осомничената, во досега еден разговор со истражителите признача дека ја убила сестра си, но тоа е демантирано.

 

 

Семејството лажело дека е во контакт со Јасмина

Мајката на Јасмина, која живее во странство, го пријавила исчезнувањето во август 2005 година, додека останатите членови на семејството кои живеат во Хрватска, тврделе во полицијата, дека таа наводно е во странство и дека им се јавува.

 

-Со своите изјави не одвлекуваа на друга страна. Оправдувањата биле дека „отишла на брод“. Упорно зборуваа дека отишла во странство, дека се јавувала...повеќе членови не уверуваа дека се јавува - изјавиле полицајци на конфернцијата за медиуми.

Една од најчудните работи во целиот случај е што исчезнувањето на Јасмина е пријавено на 16 август 2005 додека, во службената евиденција на исчезнати личности пишува дека исчезнала во август 2000 година.

 

Најголема мистерија е и како е можно дури пет луѓе кои живееле во куќата во која се наоѓа замрзнувачот со телото на девојка. Иако сестрите на почетокот живееле сами, Смилјана се омажила и нејзиниот сопруг се вселил во куќата. 

Добиле две деца, а Смилјана имала и ќерка од претходната врска. Замрзнувачот не бил скриен во подрум или на некое друго место. Напротив, полицијата потврдила дека се наоѓал во ходникот од приземјето на куќата, под степениците. Наводно, никој не го користел , но често бил вклучен во струја-наведува Index.hr.

Мотив на убиството - љубомора или наследство?

Соседите на семејството се поделени околу мотивот на убиство. Едни веруваат дека мотивот е љубомора, други дека Јасмина е убиена поради имот.

-Јасмина беше згодна. Ситна, но згодна. Смилјана не е. Таа е повеќе машки тип. Можеби фрлиле око на ист човек па се скарале - велат мештаните.

Во времето кога се претпоставува дека Јасмина е убиена, Смијлана го родила првото дете. -Никој не знае кој е таткото-велат мештаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега