Семејството на напаѓачот кој го претепа Стефан на Сутоморе нуди пари за лекување на момчето - нови детали за случајот

На 20-годишниот Петар Војводиќ во петок треба да му биде изречена пресуда поради нанесување тешки повреди на момчиња од Рума - Стефан Новоселац и Дејан Грујичиќ за време на нивното летување во Сутоморе кон крајот на август минатата година.

Војводиќ го признал кривичното дело и изразил каење и жалење.

Семејството Војводиќ одлучило на Стефан Новоселац, кој се уште закрепнува од повредите, да му уплати 10.000 евра за да продолжи со лекувањето.

-Го признавам делото за кое се товарам. Поддржувам што моето семејство сака да помогне онолку колку ѓто може. Ова што го направив, би сакал да можам да го вратам времето и да не се случеше - рекол Војводиќ.

Стефан Новоселац во болница мина скоро 4 месеци, од кои 40 денови беше во кома, Неговото семејство не се придружило во кривичното гонење на Војводиќ.

Да потсетиме, Војводиќ го удрил Стефан  со бокс, по што тој паднал на плочник. Покрај болката која ја почувствувал, сепак отишол до апартманот и легнал да спие, а на пат до собата повеќе пати повратил. Потоа неговиот другар кој исто бил истепан, се обидел да го разбуди, а кога не успеал, повикал Брза помош и тие го транспортирале во болница во Бар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2019 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега