Семејство од Србија се заразило со коронавирус на Лефкада - сместени во болница и малолетните деца

Петчлено семејство од Србија кое било на летен одмор на Лефкада, Грција е позитивно на коронавирус и во понеделникот биле примени во болница во Грција, во специјално ковид одделение.

Нивните три малолетни деца кои имаат благи симптоми се сместени на педијатарска клиника во Универзитетската болница.

Најпрво таткото бил позитивен на вирусот и бил однесен во карантински хотел во Лефкада. Од тестирањето се докажало дека и мајката е заразена, додека во последните неколку часа е потврдено дека сите три нивни деца се позитивни на вирусот.

Претходно Заводот за јавно здравје во оваа земја пријавил нови 24 случаи. Четири од нив биле идентификувани после тестирањето на грчките гранични премини.

Неодамна група од 85 туристи од Србија морала да го напушти грчкиот остров Евија чии жители не сакале нивно присуство поради страв од коронавирус. Туристите биле вратени во Србија после што било утврдено дека еден патник е позитивен на коронавирус.

Според последните информации, грчките граници за српските туристи остануваат затворени барем до 1. август, кога ќе се направи ново „скенирање“ на епидемиолошката ситуација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега