Семејство од пехчевско Робово на својот имот во планина го надмина коронавирусот

 

Повеќечлено семејство од пехчевското село Робово без поголеми потешкотии го надмина КОВИД-19 вирусот. Kако што информира Александар Мачевски еден од членовите на семејството по добивањето на веста дека тој и неговиот брат се позитивни тие се повлекле на својот имот во планина, каде без посериозни проблеми го издржале 21-дневниот карантин.

-Веста дека сме позитивни на вирусот ја добивме пред 21 ден. Освен температура во првите три дена, немавме други симптоми. Веднаш се повлековме на месноста Широки Дол каде се наоѓа нашиот имот во планината и таму заедно со овците и кравите кои ги одгледувавме го поминавме целиот карантин, вели Мачевски.

Тој сподели интересна информација во врска со присуството на коронавирусот и здравствената состојба на неговите најблиски.

-За време додека траеше болеста, мајка ми иако е лице кое има проблем со шеќерот во крвта, иако цело време беше со нас, беше негативна. Истото се однесува и на татко ми кој е повозрасен човек, но кај него не се јави вирусот. Истовремено мојата сопруга и снаата кои се бремени, исто така немаа никакви проблеми, додава Мачевски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега