Семејната идила на Ѓоковиќ: За да уживате во оваа „ѕверка'' потребно е да искеширате 50.000 евра неделно

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, вчера во раните попладневни часови со своето семејство, сопругата Јелена, синот Стефан и ќерката Тара, слетал на аеродромот во Задар, по што се упатиле кон луксузната јахта „Asha“.

Оваа луксузна супер-јахта се нарекува „Asha“, а нејзиниот модел е „Maiora 91“ – долга е 28 метри и има две платформи.

На неа можат да се сместат вкупно 9 луѓе, во четири раскошни соби кои што имаат луксузен ентериер од темно дрво.

Покрај тоа, јахтата има и џакузи, место за сончање и многубројни други предности.

Неделно изнајмување на оваа јахта во текот на летната сезона, чини 50.000 евра.

Тамошните медиуми пренесуваат дека се подготвува луксузна јахта за доаѓањето на германскиот тенисер Александар Зверев и неговата девојка Бренда Пате.

Целата оваа област е под висок полициски надзор, како на копното, така и во морето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега