Семејна драма во Скопје: Маж ја нападнал мајка му со нож, а потоа ја запалил

 

Скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако нејзиниот син ја нападнал со нож, а потоа ја запалил.

-Вчера во 16:23 часот на ул. „Сава Ковачевиќ“ полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода го лишиле од слобода 47-годишниот В.С. од Скопје, инаку лице со психички здравствени проблеми, бидејќи било пријавено дека околу 15:40 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ тој со нож физички ја нападнал неговата мајка А.С.(88) од Скопје нанесувајќи и повреди, а потоа ја запалил, но пожарот бил изгаснат од соседите. Со возило на итна медицинска помош А.С. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Од местото на настанот е подигнат ножот и се преземаат мерки за расчистување на случајот - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2020 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега