Селмани: Треба двојно финансиско стимулирање на здравствените работници

Поранешниот министер за здравство, Имер Селмани во денешното гостување во Студио 10 на ТВ 24 говореше за состојбата со коронавирусот во Македонија.

Како што истакна тој, на здравствените работници, кои се први на удар во борбата со корона вирусот, треба да им се даде финансиски стимул за нивната работа.

„Сега најтешко им е на заболените. После тоа следува здравствениот персонал. Тие луѓе треба двојно да се стимулираат финансиски и да се наградат за нивната работа со Ковид-19. Не е доволно линеарното покачување на платите“, истакна Селмани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа