Села: Заев ќе ја отстранува Ременски, а Османи кој е осомничен за корупција му е вицепремиер

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села во вечерашното интерјву на ТВ 24 кажа дека премиерот Зоран Заев е контрадикторен со денешата најава дека ја отстрани Фросина Ременски поради сомневањата за „Рекет“, а Бујар Османи кој е осомничен во случајот „Пациент“ му е вицепремиер.

-Османи е исто така осомничен, тој е во случај осомничен за корупција од 400.000 евра. Ова ми делува дека Заев со денешната најава за Ременски сака само да ја замајува јавноста.
Случајот Рекет има симболика. Не велам дека Османи е директно вмешан во овој рекет. Симболиката на Рекет е симболика на разочарување од нефункионирање на правниот систем. Според мои сознанија, СЈО и Катица Јанева го имаа заштитено Османи да не одговара за случајот „Пациент“, кажа Села.

Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски е осомничена во случајот„Рекет“.

Таа е опфатена со проширената истрага против нови четири лица осомничени за перење пари, измама и помагање во измама за наводната изградба на старечки домови на сметката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски.

-Кога некое лице ќе биде осомничено, обвинито или слично тогаш ја применуваме мерката на санкции која значи времено отстранување на тоа лице за да ја докаже својата невиност, вратите се отворени  секогаш за секого, рече денеска премиерот Зоран Заев, прашан  дали ќе го исполни ветеното за исклучување од партијата на кој било член за кој ќе се утврди одговорност по неофицијалните објави во дел од медиумите за проширување на истрагата за „Рекет“ со функционер од власта.

– Секогаш стоиме на своите ставови. На доаѓање ја добив информацијата дека има соопштение или изјава кое, како што вие кажувате, се однесува на потпретседател на Собрание, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега