Пратеникот Зијадин Села денеска упати сериозни обвинувања до Владата, тврдејќи дека се подготвува опасна девијација на стратешкиот Коридор 8. Според Села, најавите дека делницата Требеништа–Ќафасан нема да се гради според првичниот план се само изговор, со кој директно се поткопуваат геостратешките интереси на НАТО и економското поврзување на Јадранското со Црното Море.
Села смета дека власта свесно го саботира проектот кој е од витално значење за државата како полноправна членка на Алијансата.
„Слушнавме од премиерот дека коридорот нема да се гради поради наводни проблеми со УНЕСКО. Ова не е реална пречка, туку продолжување на политиките од времето на Груевски за изолација на овој правец“, истакна Села на денешната прес-конференција.


