Села: Што бараше вицепремиерот заедно со 20 партиски членови да шета по изгорената модуларна болница?

Претседателот на Алијсанса за Албанците, Зијадин Села порача дека никој треба да биде поштеден од одговорност за трагедијата тетовската модуларна болница.

- Секогаш кога имаме ваков настан, ни се навраќаат и другите трагедии, како онаа со „Дурмо турс“ за која до ден денес не го знаеме исходот, дали некој завршил во затвор. Знаеме дека таквите граѓани се блиски со одредена полтичка партија и не ја знаеме завршницата. Не можам да ги сфатам дефилеата на политичари истата вечер и тоа повеќе налкуваше на средба на партнерите на коалицијата за да смислат пи-арот како ќе изгледа. Ние не ги знаеме ниту имињата на жртвите, барем за тоа се должни институциите. Се што знаеме е дека оваа работа не треба да се злоупотреби политички. - вели Села.

Истакна дека немаше да ни се случи ваква трагедија доколку имавме добри болници. Во врска со истрагата вели дека го интересира што бараше следниот ден заменик премиерот заедно со група од над 20 партиски членови да шета по модуларната болница која веќе беше изгорена.

- Кога зборуваме за истрагата, дали тоа значи дека со самиот пристап внатре во забрането место, каде се ставаат ленти и каде не смее никој да има пристап, да има фотографии каде тие се присутни внатре. Дали ова оневозможува на истражителите да ја откријат причината за пожарот? Дали некои од тие 20 може да фрли некој таму нешто за да служи наводно како доказ дека се најде причината за пожарот? - вели Села и потенцира дека му е чудно како можат правобранителите да гледаат како некој без разлика на позицијата да објавува фотографии и да биде присутен внатре во просторот што е обезбеден, а да не биде повкан на разговор.

Села смета дека оставките треба да се прифатат. Моралната одговорност треба да се прифати, во спротивно премиерот мора да си замине.

15.09.2021 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега