Села: Единствен контакт кој го имам деновиве е оној со Собранието

„Единствен контакт кој го имам деновиве е оној со Собранието околу конситутивната седница на Парламентот“, рече денеска на прес конференција лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села како одговор за тоа со кого повеќе контактира деновиве околу формирањето на идната Влада, дали со лидерот на СДСМ Зоран Заев или со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,

„Ние веруваме во демократија. ДУИ е легален субјект по овие избори но не и легитимен. Врз основа на тоа тие имаат право да преговараат за влез во Влада. На изборите тие имаа само едно ветување – премиер Албанец и нека преговаарат за тоа, ние нема да се буниме. Но ако не успеат во тоа тогаш треба самите да знаат дека им е време да бидат опозиција“, рече Села.

Тој информацијата за ротирачки премиер при што ДУИ би добиле една година премиерско место смета дека е пораз и тогаш барањето на ДУИ за премиер било лажно предизборно ветување.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2020 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа