Села бара оставка од Заев и предвремени парламентарни избори

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села побара премиерот Заев да поднесе оставка и веднаш да се формира експерстка влада, по бегството на експремиерот Никола Груевски.

Села побара одговорност и од сите засегнати институции, а од Основното јавно обвинителство побара да отвори постапка за сите за кои имаат сознанијa дека го организирале и му помогнале на Груевски да избега од државата.

-Бараме Заев и Владата да поднесат оставка. Одма да се формира експертска влада која ќе се фокусира на реформи во судството, да одговраат сите судии за скандалите на кои сме сведоци, рече Села на денешната пресконференција.

Села побара и предвремени парламентарни избори кои би се органзирале заедно со претседателските.

 

 

 

14.11.2018 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега