Секулиќ: Секоја иницијатива треба да се види дали граѓаните имаат корист и дали се забрзува патот кон ЕУ

Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, по денешната средба на лидерите на земјите од Западен Балкан рече дека БиХ нема дефинитивен став за оваа инцијатива.


– Почесто и поефикасно да се среќаваме во државите од Западен Балкан. Имајќи во предвид дека БиХ не учествуваше во подготвување на оваа иницијатива, ги упатив моите колеги дека немаме дефинитвен став за оваа иницијатива. Потребно е БиХ да биде запознаена со оваа иницијатива, моделите врз чија база ќе се отстрануваат цариниските бариери. Според тоа Бих својот конечен став ќе го донесе во согласност со нашите процедури и по анализа на сите – посочи Звиздиќ.

Слично мислење имаше и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.

– Црна Гора е земја која е најблиску до целта за пристапување на ЕУ од сите земји во регионот. Ние сме една од земји потписнички на ЦЕФТА. Секоја иницијатива мора да се види од аспект дали дава придобивки за граѓаните, а и дека се забрзува нашиот пат кон ЕУ. Добра можност е за ова да зборуваме во Драч – рече Секулиќ.

На состанокот на кој домаќин е премиерот Зоран Заев, присутни се српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2019 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега