Сексуалните работници најавија Марш на црвените чадори низ Скопје

Сексуалните работници, здружени во СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот и нашите поддржувачи ХОПС – Опции за утре најавија Марш на црвените чадори.

17 декември е Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

„Црвената е боја на убавината, а чадорот е глобален симбол на сексуалната работа кој ја симболизира заштитата од надворешни влијанија“, велат организаторите на настанот.

Маршот традиционално ќе се одржи во Скопје на 17.12.2021 (петок) и ќе почне во 12 часот, од пред платото на спомен-куќата на Мајка Тереза на ул. Македонија и ќе заврши на плоштад „Филип II“.

16.12.2021 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега