Секс скандал во хрватската Влада - објавени фотографии од потпретседателот, кокаин и проституки

Хрватските медиуми пишуваат за скандалот во чиј центар се најде потпретседателот на тамошната Влада, Тоислав Толуишиќ, кој наводно во душтво на проституки, конзумира кокаин.

Фотографиите ги објавил хрватскиот „Национал“, каде наведено е дека фотографиите ги добиле од анонимен извор. На фотографиите се гледа наводно Толушиќ кој седи на фотелја. На него седи црнокоса жена со голи гради. Лицето не ѝ се гледа. Таа во рацете држи мобилен телефон, а Толушиќ се припрема да шмрка кокаин, пренесува Индекс.хр

Порталот истакнува дека фотографиите се „прилично чисти и сликано од близу и од повеќе агли“, па со право се поставува прашањето, кое е третото лице кое сето тоа го фотографирало.

„Национал“ пишува дека станува збор за фотомонтажа.

Агенти на хрватската известувачка агенција со анализа на фотографиите откриле дека објектот од фотографиите е апартман во Србија. Фотографиите од апартманот се достапни само на еден сајт за букирасње.

Толушиќ вели дека е подгоптвен да се тестира и на дрога.

-Станува збор за неверојатен обид за компромитација која ги преминува сите граници - вњели Толушиќ за „Национал“.

Се уште се истражува позадината на овој случај, бидејќи не е познато кој стои зад фотомонтажата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2019 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега