Секоја чест: Кина повторно се мобилизира и гради центар за карантин поради коронавирусот

Сателитски снимки од Европската вселенска агенција покажуваат огромни промени во последните десет дена во област каде што имало само рамна површина пред да започне изградбата на 13 јануари.

Може да се видат редови на монтажни куќи. Официјалниот „Пипл дејли“ објави дека 600 соби биле подготвени до 19 јануари, а до крајот на изградбата ќе бидат додадени уште 3.600.

Градежни работници и материјали беа испратени од целата земја за да помогнат во изградбата на центарот, објавија државните медиуми. Вообичаена практика е во Кина да се мобилизираат ресурси од целата земја за борба против катастрофи и други кризи.

Минатата година беа изградени две болници за неколку дена за лекување на пациенти со ковид-19 од Вухан, каде што за прв пат беше откриен коронавирусот.

Кина во голема мера го потисна домашното ширење на вирусот, но оваа зима се бори со нови жаришта на студениот север.

Националната здравствена комисија денес објави дека во последните 24 часа се регистрирани 145 нови случаи на инфекција, од кои 11 во провинцијата Хебеи.

Центарот за карантин треба да прима луѓе кои биле во контакт со лице заразено со коронавирус. Секоја соба, наменета за едно лице, е со големина од 18 квадратни метри и е опремена со постелнина, маса, клима уред, телевизија и Wi-Fi, пренесува China News Service.

Сместено е во округот Џенгдинг, предградие на Шиџијанџуанг. Градот, кој е главен град на провинцијата Хебеи, се наоѓа на околу 260 километри југозападно од Пекинг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа