Седуммина нападнале две лица пред угостителски објект во Скопје
Минатата ноќ околу 23 часот била пријавена групна тепачка пред угостителски објект во Скопје.
„Д.М.(39) и Ж.М.(39), двајцата од Скопје, пријавиле дека пред угостителски објект на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје биле физички нападнати од седум лица. Полициски службеници излегле на местото и притоа Д.М. и Ж.М. агресивно се однесувале кон нив и ги навредувале, по што биле приведени во полициска станица“, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
25.11.2022 - 17:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа