Седумдесет и девет годишна жена од неготинско шие заштитни маски и ги подарува

Седумдесет и девет годишна жена шие заштитни маски и ги подарува. Прва Станковиќ од неготинското село Пепелиште 22 години работела како хигиеничар во неготинската болница. Но, имала и дарба за шиење, па, како што самата вели, била шнајдерка на многумина од селото.

-Неколкумина се пожалија дека или не можат да најдат да купат заштитни маски или имало, но биле скапи, со зголемени цени. Затоа решив да сошијам и да подарам по некоја маска. Тие што немаат, доаѓаат до мојот двор, им подавам оддалеку, самата не смеам многу да шетам, поради возраста. Шијам од дете и шиењето не ми претставува проблем и на овие години, нагласува Станковиќ.

Вели дека не е експерт за да знае колкава е заштитата со овие маски, но, како што смета, барем се обидела да помогне во оваа ситуација.

Според нејзината соседка, старите лица над 70 години се исплашени од моментната ситуација, а Прва  е пример за многу млади шнајдери и хумани луѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега