Седумдесет и девет годишен охриѓанец го претепал својот 81-годишен брат

 

 

Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 79-годишниот З.Ј.од село Издеглавје, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка телесна повреда”.

На 28.08.2018 година, пријавениот физички го нападнал неговиот брат, 81-годишниот Р.Ј. од истото село и со тврд предмет го удрил по главата.

По нападот Р.Ј. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.  

 

 

 

16.09.2018 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега