Седум земји од Европската Унија воведуваат дигитален ковид пасош

Европска Унија од денеска воведе систем за проверка на дигиталните пасоши за Ковид-19 што ќе се користат за патувања во рамките на ЕУ, истите ќе стапат на сила од 1 јули.

Иако регулативата за употреба на дигитални сертификати, како средство за враќање на слободното движење во ЕУ, ќе стапи на сила на 1 јули, седум земји-членки – Бугарија, Чешка, Данска, Германија, Грција, Хрватска и Полска, веќе одлучија да се приклучат на системот и започнаа со издавање на првите ЕУ сертификати.

Сертификатите ќе бидат достапни за луѓето кои примиле две дози вакцина, имаат негативен тест или прележале Ковид-19.

Условите ќе варираат бидејќи одлуките се носат на национално, а не на ниво на ЕУ.

Паралелно со ова, Комисијата ќе продолжи да обезбедува техничка и финансиска поддршка на земјите-членки за да се поврзат со заеднички систем.

Брисел најавува почеток на преговори со трети земји за меѓусебно признавање на сертификатите за дигитална вакцинација со цел да им се олесни патувањето на граѓаните летово.

Препораката на Европската комисија е дека до моментот на постигнување договор за заемно признавање на сертификатите, земјите-членки прифаќаат валидни документи за вакцинација на државјани на трети земји.

Се препорачува да се прифатат сите вакцини одобрени од Европската агенција за лекови („Фајзер“, „Астра зенека“, „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“), како и оние одобрени од СЗО за итна употреба („Синофарм“), а за тоа индивидуално одлучуваат земјите-членки.

Носителот на сертификатот за вакцинација мора да ги примил сите препорачани дози на вакцината најмалку 14 дена пред патувањето, објаснуваат надлежните.

Макфакс

01.06.2021 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа