Седум нови случаи со морбили - две трагедии во Скопје

Седум новозаболени со морбили вчера се јавиле на преглед на Клиниката за инфективни болести, информираа од таму.

Од нив, три се задржани на лекување на Клиниката и тоа една 32-годишна пациентка од Сарај, едно дете на возраст од една и пол година од Кисела Вода и уште едно дете на возраст од една и пол година од Чаир. Сите биле невакцинирани.

На Клиниката има 26 пациенти од кои четворица се возрасни, 22 се деца од кои најголем број се на возраст од една и под една година.

За два дена починаа две бебиња.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега