Седум мигранти пронајдени во возило кај Кумановско
Синоќа, во реонот на селото Речица, Кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце забележале возило „рено еспејс“, кое превезувало мигранти.
Полициски службеници го пронашле возилото, а во негова близина пронашле и седум лица, мигранти од Сирија.
Мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар Скопје за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
18.11.2019 - 17:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа