Седум лица од земјава добиле пријава поради непочитување на полицискиот час

Седум лица од Македонија добиле кривична пријава затоа што не се придржувале на полицискиот час кој е наложен од Владата, информира МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Џ.И.(23) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 22.00 часот на патот Виница - с.Јакимово, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против В.С.(23) село Кадрифаково, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На  25.03.2020 во 11.25 часот пријавената била затекната со нејзиното тригодишно дете во центарот на Свети Николе, при што било констатирано дека не се придржувала кон воведената мерка за ограничено движење.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Р.Ш.(44) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 11.10 часот, пријавениот со неговото деветгодишно дете бил затекнат во центарот на Свети Николе, при што било констатирано дека не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење. 

Oдделението за внатрешни работи Делчево поднесе кривични пријави против Д.С.(25) од с.Тракање, кочанско, и А.Б.(23) од с.Грдовци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 23.10 часот на магистралниот пат кај бензинска пумпа во Македонска Каменица, пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Н.Г.(34) од село Грљани, виничко и В.Ѓ.(58) од село Липец, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27.03.2020 во 23.30 часот на бул.„Маршал Тито“ во Виница, пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега