Седници на две собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност и за европски прашања.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата по скратена постапка е единствената точка на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност.

Членовите на Комисијата за европски прашања ќе расправаат за Предлог-законот за заштита на потрошувачите, по скратена постапка, за предлог законите за зоотехника, за финансиската инспекција во јавниот сектор, за техничките барања за производите и оцена на сообразност и за измените и дополнувањата на Законот за гранична контрола. 

20.07.2022 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа