Седницата за Законот за ЈО одложена за утре во 11 часот

Иако ја отвори првата точка, за Законот за Јавно обвинителство, собранискиот спикер, Талат Џафери 135. седница на Собранието ја презакажа за утре во 11 часот, откако за дискусија по точката се пријавија повеќе од 30 пратеници.

Џафери повика утре да се одржи лидерска средба.

„Поради тоа што се жалите од мене и праќате пораки и наредби преку Фејсбук, да кажам дека не ви враќам порака зошто немам Фејсбук и не комуницирам преку социјалната мрежа. Имам мои надлежности согласно Устав и Деловник, а за работата не можам да зборувам јас, но овој парламент е пофален и од Европската Унија. Се додека имам пораки дека ќе се создаде поуспешно мнозинство, јавно ги повикувам партиските лидери дека ако имаат потреба да создадат друго мнозинство, во текот на утрешниот ден да имаме состанок согласно Пржино, уште еднаш да ја потврдиме желбата за избори. И така има повеќе од 30 пратеници јавени за збор, јасно е дека нема расположение да се продолжи. Продолжуваме утре во 11 часот“, рече Џафери.

 

Инаку кратката седница се одржа по целодневно исчекување, а откако во 15 часот пратениците беа повикани да бидат присутни во Собранието поради можно одржување на седницата.

За донесување на Законот за ЈО е потребно двотретинско мнозинство. Законот официјално не е услов за добивање датум за почеток на преговори со Европската унија, но европратеници споменаа дека носењето на Законот би бил позитивен сигнал и да го придвижи процесот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2020 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега