Обична пауза за ручек на работа се претворила во животен пресврт за жена од Арлингтон, во американската сојузна држава Вирџинија, откако преку мобилен телефон освоила повеќе од 1,7 милиони долари.

Жената за време на паузата решила да одигра онлајн лотариска игра на страницата на Лотаријата на Вирџинија. Го избрала дигиталниот „Monopoly Super Spin“, а набргу на екранот ѝ се појавила добивка од точно 1.727.474 долари.

Добитничката раскажала дека останала во шок кога ја видела сумата и дека не можела веднаш да поверува дека навистина станува збор за милионска добивка.

Првиот човек на кого му се јавила бил нејзиниот сопруг. Но, наместо веднаш да се израдува, тој мислел дека станува збор за шега и повеќепати ѝ повторил дека не ѝ верува.

Жената засега не открила на што планира да ги потроши парите. Нејзиниот идентитет исто така не е објавен, бидејќи законите во Вирџинија им овозможуваат на добитниците во одредени случаи да останат анонимни.

Лотаријата на Вирџинија овозможува дел од игрите да се играат и преку интернет и мобилен телефон, па овојпат кратката пауза на работа за една Американка завршила со добивка вредна повеќе од 1,7 милиони долари.

Exit mobile version