На 12.08.2026 година во 04:08 часот, во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода И.Р.(42) од селото.

При контрола во патниот сообраќај, полицајците запреле патничко возило „цитроен“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Р. По извршеното алкотестирање со дрегер, било утврдено дека возачот има 2,58 промили алкохол во крвта.

Возилото било одземено, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Exit mobile version