Седнал да испроба Ферари од 2 милиона евра, па нагазил гас - германската полиција трага по крадецот

Германската полиција бара редок спортски автомобил Ферари од 80-те години од минатиот век, за кој се верува дека е вреден повеќе од 2 милиони евра, откако маж кој се претставил како потенцијален купувал и го украл возилото за време на пробното возење.

Полицијата во Дизелдорф соопти дека мажот, кој се јавил на огласот за црвеното Ферари 288 ГТО првпат регистриран во 1985 година, се појавил во понеделникот на договорениот состанок во тој германски град, пренесува АП.

Тој и продавачот отишле на пробно возење, по што продавачот излегол од автомобилот за да го замени местото со идниот купувач.

Човекот само седнал на местото на возачот, притиснал на гас и избегал.

Полицијата денес соопштила дека не успеала да го пронајде автомобилот и ја повикала јавноста да им пружи евентуални информации.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2019 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега