Седми ден протести во Белград

Во Белград, Ниш и Зрењанин се собраа граѓани кои не се задоволни од српската влада и мерките кои ги презема државата, јавува Нова.рс.

Протестите првите два дена беа прилично бурни, дојде до бројни судири на полицијата и демонстрантите. Сепак, постепено се смируваа, но и има се помалку луѓе на улиците.

Н1 јавува дека протестите секој ден почнуваат се подоцна. Луѓето полека пристигнуваат да видат што се случува, но многумина кратко се задржуваат и се оддалечуваат од местото на настанот. Се чини дека на протестите има повеќе десничари кои извикуваат, а граѓанскиот дел од демонстрантите се држат по страна.

На главниот градски плоштад во Зрењанин почна петтиот протест, но излегоа нешто повеќе од 50 лица.

Во Ниш граѓаните шести ден по ред излегоа на улиците и го блокираа сообраќајот.

Во Белград пред парламентот се собраа десетици луѓе, а ги има и во Пионерскиот парк.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа