Седат Пекер испрати видео порака: Го знам премиерот Заев, сум бил кај него дома

Медиумите објавија видео во кое турскиот криминалец, Седат Пекер, кој по објавување на аферата „Мафија“ беше посочен како еден од многуте кој добил македонски пасош со лажен идентитет, вели дека го познава премиерот Зоран Заев и дека бил кај него дома.

Тој неодамна во писмена изјава се јави од Африка и рече дека нема македонска исправа.

„Според информациите од билтен на МВР Седат Пекер бил протеран од Македонија на 19 јануари годинава, а четири дена потоа се сликал за лична карта во полициска станица во Скопје. Како Пекер кој бил протеран, дошол повторно во Македонија, каде и како ја поминал границата, и како е возможно да помине преку цело Скопје незабележан? Не е возможно Пекер кој го гледавме на социјалните мрежи како низ Скопје се шеташе со 20 луѓе обезбедување, да помине низ Скопје, а МВР за тоа да не знае“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ на 7 април кога ја објавија аферата „Мафија“. Опозициската партија прашува зошто Зоран Заев не одговара на прашањето дали Седат Пекер бил во Владата, со кого се сретнал и за што било разговарано. „Сите видовме како функционери и коалициски партнери на СДСМ се среќавале со Седат Пекер, го примале во општини и институции, како да се работи за сериозен бизнисмен, а не човек со потерница, на чиј грб се ставаат како товар голем број на криминали“, соопшти во април ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2021 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега